07.03.2024 Скопје
Група која протестираше поради исчезнувањето на 43 студенти во Мексико во 2014 година, за време на демонстрации ги скрши вратите на претседателската палата во земјата.
Тие ја скршиле вратата со бел пикап додека претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, говорел на прес-конференција во палатата.
Полицијата употреби солзавец за да ја растера групата и подигна бариери внатре во палатата за да ги спречи демонстрантите да влезат во зградата.
Лопез Обрадор изјави дека нема да ги задушува протестите и дека владата ќе продолжи да го истражува случајот со исчезнувањето на студентите.
Подготвено од А.Ѓ.