lekarska komora donira pomos za turcija

26.03.2024 Скопје

Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата потпишаа трите медицински комори, Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и Институтот за јавно здравје.

Како што беше истакнато на прес-конференцијата по овој повод, целта на Декларацијата е создавање поширок фронт за поддршка на вакцинацијата и одржување континуитет на активностите за промоција на имунизацијата.

„Вакцинацијата е најголема придобивка на човештвото. За жал, според податоците за 2022 година, во однос на примарната вакцинација и ревакцинација не е постигнат препорачаниот опфат од над 95 отсто за ниту една вакцина на национално ниво. Регистрираниот опфат е под 90 отсто за сите вакцини. Како последица на ова, веќе се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а ризикот од повторно соочување со нови епидемии на мали сипаници, е сериозен “, рече Калина Гривчева – Старделова, претседател на Лекарската комора.

Подготвено од М.Д.

About Author