SIROVO MASKENBAL

05.03.2024 Скопје

Општина Крива Паланка за првпат ќе ја организира манифестацијата „Сусурига 2024″, дефиле под маски во градот, со цел заживување на старата градска традиција на маскирање и палење на оган по повод христијанскиот празник Прочка.

Манифестацијата ќе се одржи на 16 март, сабота, во 18 часот во пресрет на Прочка, а ќе опфати дефиле под маски, избор за најдобра групна или маалска маска, огнено шоу, симболично и ритуално палење оган, познат во народот како Сусурига и забава под маски.

-Ги повикуваме сите кривопаланчани на возраст над 14 години да земат учество и да пријават групна или маалска маска за претстојната манифестација. Пријавувањето се врши секој работен ден од 9 до 15 часот во Одделението за јавни дејности во општината, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Подготвено од М.Д.

About Author