TRUD I SOCIJALA

22.03.2024 Скопје

Уште еден ден на самохраниот дедо Слободан Маџовски и неговата внука, во пресрет на пролетта го засадиле и првото дрво во дворот. Надвор не пречекаа со топка во раце и желба за детска игра.

Другата страна на приказната е во крикот на Маџовски за помош од институциите. По скоро една недела од објавата на приказната, денеска во посета на Маџовски дојде и заменик министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и тимот од Центарот за социјалнји работи.

Тренчевска одблиску се запозна со малата Ана но и со состојбата на самохраниот дедо Маџовски. Тимот од Центарот за социјални работи на маџовски му ги објасни процедурите за како да стане дел од системот на социјална заштита а со тоа и да ги ужива сите услуги кои му следуваат.

Тренчевска рече дека веќе ги преземале сите потребни чекори за Маџовски и малата Ана бидат спокојни, додека Маџовски се заблагодари на сите кои се одважиле да помогнат.

Малата Ана ги раскажа своите желби, останува сите досегашни ветувања да бидат исполнети а со тоа и Маџовски да биде  спокоен а малата Ана да им се придружи на своите врсници во градинка каде ќе го гради својот детски развој.

Подготвено од М.Д.

About Author