19.03.2024 Скопје
Започна втората фаза од проектот „Учиме да пливаме“ што го финансира Општина Аеродром. Овој проект ќе се спроведува и во следните три месеци.
Проектот „Учиме да пливаме“ е целосно финансиран од општината и вклучува бесплатни часови по пливање од сертифицирани и искусни тренери, опрема, како и организиран превоз од и до училиштето. Проектот е наменет за сите дечиња со попреченост од основните училишта на територијата на Општина Аеродром.
Аеродром е првата и единствена општина во Република Северна Македонија што за учениците овозможува бесплатни часови по пливање.
Подготвено од М.Д.