14.03.2024 Скопје
Данската влада најави дека во следните пет години ќе ги зголеми трошоците за одбрана за 40,5 милијарди дански круни или 5,9 милиони долари.
„Ние не ја вооружуваме Данска затоа што сакаме војна, уништување или страдање, ние се вооружуваме сега за да избегнеме војна и свет во кој меѓународниот поредок е доведен во прашање“, рече Мете Фредериксен, премиерот на Данска.
Тие пари се надополнуваат на 22,7 милиони долари што Данска се обврза во 2023 година да ги одвои во следните 10 години.
Како една од земјите основачи на НАТО алијансата, Данска значително ги намали своите одбранбени распределби на почетокот на 1990-тите по крајот на Студената војна.
Данска сака да го зголеми бројот на млади кои служат во војската со проширување на воената обврска за жени и продолжување на службата од четири на 11 месеци за двата пола, рече Фредериксен.
Данска во моментов има 9.000 професионални војници и 4.700 регрути на воена служба, која сака да ја зголеми на 5.000.
Сите работоспособни мажи на возраст од 18 и повеќе години се повикани на отслужување на четиримесечниот воен рок, но многумина всушност не служат бидејќи веќе има голем број волонтери.
Во 2023 година, жените во Данска сочинуваа 25,1 отсто од сите регрути.
Подготвено од А.Ѓ.