13.03.2024 Скопје
Живееме во свет на акроними и кратенки, особено во светот на технологијата – iOS, LiDAR, GPS… сето тоа се поими со кои се среќаваме речиси секојдневно.
Логично е дека зад овие акроними се кријат значајни фрази, на пр. GPS е „Глобален систем за позиционирање“ итн. Сепак, една кратенка особено се издвојува овде, и веројатно не значи што мислите – тоа е Wi-Fi.
Без разлика дали ќе го напишете со цртичка или без, Wi-Fi (или WiFi), веројатно би погодиле, значи нешто „безжично“, особено затоа што е вообичаено верување дека Wi-Fi е кратенка за „Wireless Fidelity“.
Сето тоа има смисла, можеби – освен што работите не се онакви какви што изгледаат.
Време е за мултитаскинг и нови начини за работа, играње и одржување фит на сите уреди Samsung Galaxy.
Пред 19 години, односно во 2005 година, писателот и новинар Кори Доктору на својот блог објави интервју со Фил Белангер, еден од основачите на „Wi-Fi Alliance“, организација која одобрува производи за Wi-Fi.
Белангер тогаш откри дека Wi-Fi всушност значи – апсолутно ништо.
„Ни требаше нешто попривлечно од „IEEE 802.11b Direct Sequence“. Ангажиравме маркетинг агенција, тие дојдоа до десет акроними и го избравме овој. Слоганот „Стандард за безжична верност“ се појави подоцна“, рече Белангер.
Тој откри и дека некои од неговите колеги биле „исплашени“ бидејќи не го разбирале името или целата приказна за маркетингот. Им требаше некое објаснување, па смислија „Wireless Fidelity“ и така се роди „митот“.
Подготвено од А.Ѓ.