https://www.facebook.com/photo.php?fbid=318937450414953&set=pb.100068961018275.-2207520000..&type=3

28.03 2024 Скопје

Од 166 поднесени предлози во Македонскиот парламент во 2023 година, само 23 се во редовна постапка.

Злоупотребата на европското знаменце во Република Северна Македонија е непосредно поврзана со скратената постапка за донесување на законите надвор од редовните демократски процедури, проблем на кој укажува Комисијата на ЕУ во извештаите за напредокот на земјава. Професорката Мирјана Најчевска остро критикуваше што со Европско знаменце беа донесени и Законите од пакетот Бехтел и Енка и Кривичниот законик затоа што не ги исполнувале формалните критериуми, а тоа значи дека била злоупотребена постапката.

Претседателот на собранието има обврска да го стопира предлог законот доколку забележи дека истиот не ги исполнува условите за да биде изгласан преку скратена постапка со европско знаменце. Допуштањето на употребата на европското знаменце за несоодветни закони и носењето на законици по скратена постапка, за Собранието значи откажување од дел од контролната функција која треба да ја има врз Владата, нагласува професорката Бојана Наумовска од Институтот за социолошки и политички правни истражувања.

Најголем подносител на закони со европско знаменце и по скратена постапка, според анализата на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања било Министерството за финансии.

Подготвено од М.Д.

About Author