11.03.2024 Скопје
Цените на златото се зголемија на ново рекордно високо ниво поради знаците за слабеење на американската економија и сигналите од американската централна банка (ФЕД) дека може да ги намали каматните стапки во наредните месеци.
Цената на унца злато на физичкиот пазар во Лондон се зголеми за 0,3 отсто на 2.155 долари.
На американскиот пазар на фјучерси унцата се тргуваше по 0,2 отсто повисока цена од 2.163 долари.
Во периоди на пад на каматните стапки, инвеститорите се свртуваат кон златото, на кое не влијаат промените во трошоците за задолжување.
Економистите предвидуваат економско забавување на Кина, што ќе го забави растот на светската економија.
Затоа, во неизвесно финансиско опкружување, златото ќе остане сигурна инвестиција, забележуваат економистите.
Истовремено, цената на унца сребро се намали за 0,4 отсто на Физичкиот пазар – на 24,08 долари. Платината исто така поевтини за 0,3 отсто – на 904 долари.
Според економските портали, цената на паладиумот паднала најмногу, за 1,5 отсто – на 1.026 долари.
Подготвено од А.Ѓ.