12.03.2024 Скопје
Светскиот форум за банана во Рим соопшти дека бананите ќе поскапат бидејќи глобалните температури се зголемуваат поради климатските промени.
Форумот беше организиран со цел експертите да се справат со проблемите со кои се соочуваат одгледувачите на ова овошје, чиј недостиг се чувствува во Велика Британија.
Снабдувањето со банани може да се справи со краткорочните временски настани, но експертите предупредуваат на растечките закани од глобалното затоплување и болестите што тоа предизвикува побрзо да се шират.
Како што беше кажано, најголема главоболка предизвикува габичната инфекција на бананите, која од Австралија и Азија се преселила во Африка и Јужна Америка, а која најмногу се шири преку поплави и силни ветрови.
„Доколку не дојде до големо зголемување на понудата, предвидувам дека цените на бананите ќе останат релативно високи во годините што доаѓаат“, рече економистот на Светскиот форум за банана, Паскал Лиу.
Подготвено од А.Ѓ.