19.03.2024 Скопје
Марија Габриел, бугарската министерка за надворешни работи од централно-десничарската партија ГЕРБ, се согласи да формира нова влада, по оставката на премиерот Николај Денков на почетокот на март.
„Го прифаќам овој мандат со чувство на одговорност бидејќи на Бугарија и е потребна стабилност“, изјави пред новинарите поранешната шефица на дипломатијата Марија Габриел.
Таа додаде дека се надева оти наскоро ќе биде финализиран договор со партијата „Ние поддржуваме промени“.
ГЕРБ и прозападниот блок предводен од партијата „Ние ги поддржуваме промените“, чиј лидер е Денков, минатата година се договорија Габриел да ја преземе премиерската функција, откако Денков ќе го заврши својот деветмесечен мандат.
На изборите во април минатата година, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Ги поддржуваме промените“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент.
Подготвено од А.Ѓ.