18.03.2024 Скопје
Глобалниот извоз на руско оружје е значително намален од 2014 година, што може да биде поврзано со редовните руски загуби во војната против Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Велика Британија, повикувајќи се на разузнавачки информации.
„Падот веројатно се должи на неколку фактори, вклучително и приоритетот на Русија на опремата за операции во Украина поради тековните загуби на бојното поле, како и намалената побарувачка на клиентите поради ризикот од поврзани санкции и глобалната осуда на руската одговорност за војната“, се наведува во соопштението на британското Министерство за одбрана на платформата Х.
Според разузнавачките податоци, Русија паднала од второто на третото место на светската ранг-листа за извоз на оружје, а испораките на руско оружје во 2023 година биле за 52 отсто помалку отколку во 2022 година.
Исто така, се вели, само 12 земји го купиле најдоброто оружје на Русија во 2023 година, во споредба со 31 земја во 2019 година.
Одбранбената разузнавачка служба на британското Министерство се повикува на студија на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) од 11 март 2024 година, според која извозот на руско оружје е намален за 53 отсто во периодот 2014-2018 и 2019-2023 година.
Подготвено од А.Ѓ.