https://www.facebook.com/photo/?fbid=701309335331818&set=pcb.701309435331808

25.03.2024 Скопје

Не стивнуваат бранувањата меѓу членови и симпатизери на СДСМ по Централниот и Извршниот одбор, како Конгресот на партијата, на кои беа официјално составени и објавени пратенички листи по изборни единици за претстојните парламентарни избори.

Уште пред официјалното презентирање на пратеничките листи имаше многу реакции поради тоа што голем број познати лица на СДСМ, кои изминатите години беа експонирани, не најдоа место на листите или се на недобитни позиции.

Една од тие коишто јавно го изразија незадоволството од одлуките на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, е активистката на СДСМ од Велес, Марија Талевска Деловска.

Таа во одговор на објавата на Ковачевски дека СДСМ на овие избори ќе понуделе луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, остро реагира зашто тогаш не е предложен Ненад Коциќ, кој, како што истакнува Талевска Деловска, ќе придонел повеќе за народот.

Подготвено од М.Д.

About Author