https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5a/Questions_and_Answers_with_EU_Foreign_Policy_Chief_Josep_Borrell_%2852359673274%29.jpg/800px-Questions_and_Answers_with_EU_Foreign_Policy_Chief_Josep_Borrell_%2852359673274%29.jpg

15.03.2024 Скопје

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека обезбедувањето нов пакет воена помош за Украина не може да чека, бидејќи, како што оцени, исходот од војната во Украина ќе се решава оваа пролет или лето.

Поради сомневањата за континуираната поддршка на САД за Киев, Борел им рече на новинарите во Вашингтон дека неговата порака до американските пратеници е дека „тоа што треба да се направи, треба да се направи брзо“.

„Тоа е нашата вистина во ЕУ. Треба да ги забрзаме работите, да ја зголемиме поддршката за да работиме побрзо. Затоа ги зголемуваме капацитетите на нашата воена индустрија. А, тоа важи и за САД“, рече Борел.

Тој додаде дека следните месеци ќе бидат „одлучувачки“.

„Многу аналитичари очекуваат голема руска офанзива ова лето, а Украина не може да го чека исходот од американските избори во декември“, посочи Борел.

Демократите на претседателот Џо Бајден ја поддржаа воената помош за Украина од почетокот на рускиот напад врз Украина, додека поранешниот претседател Доналд Трамп зазеде порезервиран став.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, досега одбиваше да гласа за нацрт-законот со кој ќе се обезбеди помош од 60 милијарди долари за Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author