booking

23.03.2024 Скопје

Италијанската агенција за заштита на конкуренцијата денеска соопшти дека покренала истрага против платформата за резервации Booking бидејќи се сомнева дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот.

Компанијата „Booking“, наводно, меѓу другото овозможила некои хотели да бидат повидливи во онлајн пребарувањата во замена за повисоки провизии и со тоа ја нарушила пазарната конкуренција.

Италијанскиот регулатор наведува дека оваа стратегија штети не само на конкуренцијата, туку и на потрошувачите кои имаат помал избор и се принудени да плаќаат повисоки цени.

Италијанската даночна полиција изврши претрес во просториите на италијанската филијала на платформата Booking.

Booking даде коментар и рече дека целосно ќе соработува со италијанските власти во текот на истрагата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author