01.03.2024 Скопје
Економските експерти очекуваат вредноста на биткоинот да достигне огромни 100.000 долари до крајот на оваа година. Биткоинот моментално вреди околу 62.000 долари, а веста за неговиот раст на цената ги израдува и сопствениците на други криптовалути. Биткоинот ги турна другите виртуелни валути.
Биткоинот вредел околу 30.000 долари во септември. Неговата вредност се удвои за пет месеци. Ова се совпаѓа со претходното движење на вредноста на Биткоинот. Цените скокнаа и во средината на 2021 година, на крајот на 2020 година, на почетокот на 2019 година и на крајот на 2017 година. Кога се ќе се собере, вредноста на биткоинот драстично варира, со нагли подеми и падови.
Пример за тоа е 2021 година. Во еден момент, цената скокна на 60.000 долари, за истиот месец кога беше забележан максимумот, падна на 17.000 долари.
Подготвено од А.Ѓ.