06.03.2024 Скопје
Цената на Биткоинот достигна историски максимум од 69.000 долари под влијание на зголемениот интерес на инвеститорите за оваа дигитална валута.
Ова го надмина претходниот максимум од ноември 2021 година, кога Биткоинот беше проценет малку под ова ниво.
Порастот доаѓа откако на криптовалутата и беше дадено зелено светло за употреба во мејнстрим инвестициски производи во САД минатиот месец.
Американската Комисија за хартии од вредност неволно ја одобри работата на првите фондови со кои се тргува преку биткоин на почетокот на јануари.
Американскиот регулатор останува скептичен за криптовалутите, а во пресудата се наведува дека биткоинот „не е одобрен или поддржан“.
Тргувањето со биткоин од редовните нарачки на берзата доведе до прилив на значителен инвестициски капитал во фондовите на оваа криптовалута.
Подготвено од А.Ѓ.