19.03.2024 Скопје
Општина Ѓорче Петров урна нелегален хангар изграден на државно земјиште. Станува збор за објект во чии рамки имало метална конструкција, но и тврда градба од бетон.
Во уривањето учествуваа багери, камиони беа ангажирани во расчистувањето на отпадот. Сопственикот е непознат, бидејќи не се појави.
„Согласно законската регулатива, донесовме Решение за отстранување на објектот и нема да отстапиме од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.
Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и “дупки во законот” за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото“,истакна градоначалникот Александар Стојкоски.
Хангарот се градел на две парцели кои се државно земјиште, на површина од околу 10 илјади метри квадратни.
Подготвено од М.Д.