https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/bc/Joe_Biden_%2848651032061%29.jpg

06.03.2024 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „за неколку дена ќе се знае“ дали Хамас се согласува со предлогот за договор за заложниците што во моментов е на преговарачка маса.

„Договорот за заложниците во моментов е во рацете на Хамас. Постои рационална понуда на која се согласија Израелците. За неколку дена ќе знаеме дали Хамас ќе ја прифати понудата“, изјави Бајден пред новинарите пред да се качи во претседателскиот авион во Мериленд.

Тој посочи дека мора да се воспостави прекин на огнот, бидејќи, како што предупреди, „доколку дојдеме во ситуација ова да продолжи за време на Рамазан, тоа може да биде многу, многу опасно“.

На прашањето дали врши притисок врз Израел да дозволи повеќе помош да влезе во Појасот Газа, Бајден рече дека работи многу напорно со израелската страна по ова прашање.

„Мораме да имаме повеќе помош во Газа. Нема оправдувања“, рече американскиот претседател.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author