bajden varsava spodeleni bezbednosni merki

08.03.2024 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден во текот на вчерашниот ден се сретна со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Белата куќа и на средбата ѝ посака добредојде на Шведска во НАТО.

„Чест ми е да ја поздравам Шведска како 32-та членка на НАТО. Пред 75 години кога беше основано НАТО, претседателот Труман рече дека Алијансата „ќе создаде штит против агресија и страв од агресија“. Тој штит е посилен од кога било. “ рече Бајден во објава на социјалната мрежа Х.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно, соопшти дека Шведска официјално стана членка на Алијансата и дека нејзиното знаме ќе биде подигнато во седиштето на НАТО во Брисел во понеделник, на 11 март.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author