21.03.2024 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден претстави пакет од близу 20 милијарди долари грантови и заеми за фабриките на „Интел“ во САД за производство на чипови.
Тоа е најголемата инвестиција на администрацијата на Бајден досега во овој сектор и претставува обид да се спротивстави на доминацијата на Кина во производството на чипс.
Оваа инвестиција Бајден ја најави во говорот во кампот „Интел“ во Аризона и додаде дека е решен да ги „сврти работите“ и да инвестира во Америка, за разлика од, како што рече, неговиот претходник Доналд Трамп.
Бајден рече дека инвестирањето во фабриките „Интел“ во Аризона, Охајо, Ново Мексико и Орегон ќе ги стави САД на патот да бидат производители на 20 отсто од водечките светски чипови до крајот на деценијата.
Подготвено од А.Ѓ.