bajden apneja mehanicka ventilacija

20.03.2024 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден ги збуни Финска и Норвешка кога зборуваше за неодамнешното проширување на НАТО алијансата.

Говорејќи на митинг во Рено, Невада, Бајден рече дека имал разговор со поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер непосредно пред смртта на Кисинџер.

Бајден откри дека Кисинџер разговарал со него за приклучување на „Шведска и Норвешка во НАТО“.

Актуелниот претседател истакна дека советот на Кисинџер бил да се зајакне Северноатлантската алијанса со проширување на границите на НАТО до Шведска и Норвешка.

Сепак, Норвешка е една од земјите што го основаа НАТО, додека Шведска и Финска се приклучија на Алијансата неодамна и станаа 31-та и 32-та членка на Алијансата, соодветно.

„Ја обединивме Европа, го проширивме НАТО со Шведска и Норвешка“, изјави Бајден.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author