koli

08.03.2024 Скопје

Нападот што го прекина снабдувањето со електрична енергија на фабриката на Тесла во близина на Берлин и го запре производството на неколку дена укажува на закани за домашната автомобилска индустрија.

Тоа го изјави експертот Штефан Брасел.

Покрај прекинот на електричната дистрибутивна мрежа, што ја зафати Тесла, постојат и други начини за нарушување на производството, изјави Брасел, шеф на Центарот за управување со автомобилската индустрија (ЦАМ) во Бергиш Гладбах.

Големите производители, како што е Volkswagen (VW), можат донекаде да се заштитат од такви напади доколку самите, во својот круг на фабрики, почнат да произведуваат електрична енергија.

Сепак, пристапните правци остануваат изложени, како и добавувачите.

„Доколку некој дел стане недостапен, производството запира“, истакна Брацел, додавајќи дека производството зависи и од безбедноста на ИТ системите на фабриките.

Државата мора да го држи криминалот под контрола, инаку инвеститорите може да се запрашаат колку е безбедна нивната инвестиција во Германија, рече тој.

Имено, инцидентот во берлинската фабрика на Тесла, американскиот автомобилски гигант, предизвикува меѓународно внимание и „ја нагризува имиџот на Германија како локација за инвестирање“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author