tender gas eu

07.03.2024 Скопје

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека Австрија успеа да најде алтернативи за руската енергија, вклучително и норвешкиот гас, а складиштата се полни околу 78 отсто.

Нехамер истакна дека гасоводот во Украина, преку кој неговата земја добива руски гас, во секој момент може да биде оштетен од терористички напад или гранатирање.

„Во последниве години, нашата цел беше да се осигураме дека имаме алтернативи во случај рускиот гас навистина повеќе да не е достапен. Тоа не е само прашање на транзит, тоа е и воена зона, што значи дека гасоводот може да биде оштетен во секое време со терористички напад или намерно пукање што би ја дестабилизирало енергетската ситуација“, изјави Нехамер.

Австриската министерка за енергетика Леоноре Гевеслер во февруари изјави дека уделот на рускиот гас во австрискиот увоз во декември 2023 година достигна рекордни 98 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author