apple

28.03.2024 Скопје

Компанијата Apple на своите мапи можное е да додаде опција која корисниците ја бараа долго време.

Во моментов, Apple Maps не нуди начин за прикажување на маршрутите што сами ќе ги изберете, а корисниците се заглавени со претходно вчитани мапи.

Сепак, ова може да се промени кога ќе пристигне iOS 18.

Како што објави специјализираниот портал MacRumors, Apple вметнал датотека наречена „CustomRouteCreation“ во своите мапи за iOS 18.

Иако не е откриено многу повеќе од името на самата датотека, се открива дека, барем на почетокот, функцијата ќе биде ограничена само на САД.

Со помош на оваа опција, корисниците би можеле да ги изберат специфичните патишта по кои сакаат да одат, а со години токму тоа им недостига најмногу на луѓето кои користат Apple Maps за секојдневна навигација.

За потсетување, iOS 18 ќе биде претставен на традиционалната WWDC конференција на Apple, која ќе се одржи оваа година на 10 јуни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author