brnabikj

21.03.2024 Скопје

Пратениците во српскиот парламент ја избраа Ана Брнабиќ за претседател на парламентот.

Од 158 пратеници, 153 пратеници гласаа „за“, пет беа „против“, а „воздржани“ немаше.

Со мнозинство гласови беше одлучено гласањето за избор на претседател на Собранието да се одржи јавно, со прозивка на пратеници.

Од присутните 158 пратеници, 154 гласале „за“, 3 „против“, а еден пратеник не гласал.

Претседателот на Собранието, Стојан Раденовиќ, нешто по 17 часот ја заврши расправата за избор на претседател на Собранието и одреди десетминутна пауза, по што се гласаше.

Дебатата за кандидатот за претседател на собранието пратениците ја почнаа во понеделникот на 18 март, а таа траеше три дена.

Шефот на пратеничката група „Алескандар Вучиќ – Србија не смее да запре“ Миленко Јованов на крајот од дискусијата рече дека нема сериозни критики кон Ана Брнабиќ бидејќи, како што наведе, такви работи нема.

„Слушнавме само повторени фрази и обвинувања без докази“, рече Јованов.

Тој им се заблагодари на партнерите од другите партии кои најавија поддршка за Ана Брнабиќ, како и на претседавачот Стојан Раденовиќ.

„За жал, некои луѓе не се во состојба да ја разберат вашата добронамерност“, рече Јованов.

Тој се заблагодари и на поранешниот претседател на Народното собрание Владимир Орлиќ, а на идната претседателка на парламентот Ана Брнабиќ и посака многу среќа во работата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author