20.02.2024 Скопје
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера изјави дека продолжуваат да преговораат со сите партии кои не се дел од албанската опозиција за постигнување коалициски договор за приклучување на Европскиот фронт.
„ Има време, уште сме во преговори и со други партии. Тоа е процес кој е отворен подолго време. Веруваме дека во иднина како што го направивме овој важен, како што рече и Зејд, историски настан, да продолжиме во следните денови. Зборуваме со сите и со Алијанса и со Тачи и со Аријанит Хоџа и со Турската партија, со Бошњачката партија, со Ромската партија за да се приклучат на овој фронт“, рече Ахмети по промоцијата на колицискиот договор со Движењето на народот на Скендер Реџепи Зејид.
Во конктест на изјавата на Крешник Бектеши со која испрати предизвик кој ќе изгуби на изборите да се повлече од политиката, како и дали ако ДУИ изгуби на изборите или можеби не формира влада би се повлекле од политиката, Ахмети упати на предлогот даден минатата година до ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ е спремна на истиот ден кога ќе стапат во сила уставните измени да ја напушти Владата доколку е тоа предуслов опозицијата да ги поддржи уставните измени.
Подготвено од М.Д.