04.03.2024 Скопје
Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеси објави дека Албанија на 1 март добила три беспилотни летала Бајрактар од Турција, со што оваа земја станала една од корисниците.
Инаку, пет бајрактари беа примени и од властите на управата во Приштина на 17 јули 2023 година и веќе се користат во извидувачки мисии.
Министерството за одбрана на Албанија соопшти дека монтажата на првите три примени беспилотни летала започнала на 28 и 29 февруари 2024 година, додека продолжува монтажата и поставувањето на потпорната инфраструктура за нивно работење и контрола.
Беспилотните летала „Бајрактар“, познати по својата ефикасност и напредна технологија, веќе се во Албанија! Монтажата започна веќе два дена и паралелно се врши поставување на потпорната инфраструктура за нивно работење и контрола. Овој развој не само што ги зголемува одбранбените капацитети на Албанија, но и докажува за посветеноста на земјата за гарантирање на националната безбедност и исполнување на највисоките стандарди за одбрана.
Албанија го потпиша договорот за купување на првите три дронови со Турција во Анкара на 21 декември 2022 година.
Подготвено од А.Ѓ.