kina rekordna prodazba tesla

19.03.2024 Скопје

Акциите на Tесла пораснаа за речиси седум отсто денеска откако производителот на автомобили објави зголемување на цените за своите електрични возила Model Y во некои европски земји и во САД.

Тесла објави дека почнувајќи од 22 март, цените на неговите возила Model Y ќе бидат зголемени за приближно 2.000 евра во некои европски земји.

Компанијата најави зголемување на цените на сите автомобили на споменатото возило во САД за 1.000 долари од 1 април.

По тие најави, акциите на Teсла пораснаа до 174,72 долари и се на пат да пораснат втор ден по ред, откако минатата недела паднаа на речиси десетмесечен минимум.

Акциите на Tесла последен пат пораснаа за 5,8 отсто на 173,13 долари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author