16.03.2024 Скопје
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД), Анџела Агелер порача дека „притисоци врз судската власт во Република Северна Македонија е нешто што мора да престане“.
Таа во обраќањето на меѓународната конференција по повод 60 години од основањето на Уставен суд рече дека судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото, оти, како што рече, граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и сè повеќе го бараат тоа.
Во обраќањето, таа ја нагласи, како што рече витална и незаменлива одговорност на Уставниот суд во изминатите шест децении во заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на говорот.
Подготвено од М.Д.