us ambasada BiH

21.03.2024 Скопје

Направена е административна грешка со тоа што на црната листа на САД е ставен и починатиот сопруг на екс шефицата на поранешното СЈО – Катица Јанева, велат од Американската амбасада.

„Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција. Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка“, велат од одговорот од Амбсадата.

Освен Јанева и Јакимовски на црната листа се најдоа и нивните семјства, а меѓу нив и името на починатиот сопруг на Јанева.

Подготвено од М.Д.

About Author