https://www.freepik.com/free-photo/manager-supervisor-industrial-worker-uniform-walking-large-metal-factory-hall-talking-about-increasing-production_11034008.htm#query=industry&position=2&from_view=search&track=sph

02.03.2024 Скопје

Германскиот сојузен завод за статистика соопшти дека Германија долго време се соочува со недостиг на работна сила и во 2022 година, 25 отсто од нејзиното вработено население го сочинувале луѓе со мигрантско потекло, но уделот на тие со потекло од други земји варира по професија.

Заводот врз основа на микроцензусот спроведен таа година објави дека на работните места за чистење и одржување таа година, дури секој шести работник во Германија (60 отсто) имал мигрантска историја, а тие се застапени и натпросечно во гастрономијата со 46 отсто.

Во гастрономијата, дури 51 отсто од готвачките имаат потекло од странство.

Според дефиницијата на Заводот за статистика, лица со мигрантска историја се сметаат за лица кои самите или чии родители двајцата дошле во Германија по 1950 година.

Таквите Германци сè уште се недоволно застапени во полицијата и судството, со само 6 отсто, а само 11 отсто во образовните професии.

Учеството во вкупниот број на вработени од 25 отсто се однесува на сите лица со мигрантска историја на возраст од 15 до 64 години и е нешто помало од нивното учество во вкупното население кое изнесува 28 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author