dik centar za obuka

15.03.2024 Скопје

До Државната изборна комисија (ДИК) до вчера пристигнале 1.300 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни (8 мај) и претседателски избори (24 април).

Според податоците од веб страната на ДИК, од вкупниот број на пријавени досега се прифатени 917 барања, одбиени се 138 пријави, а во процес на обработка се 245. Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 18 март.

Исто така во тек е и увидот во Избирачкиот список, што граѓаните можат да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и електронски преку веб страната на Комисијата. До 19 март, пак, до ДИК треба да бидат поднесени кандидатските листи на претседателските кандидати. Потписи да се кандидираат собраа седуммина кандидати.

Подготвено од М.Д.

About Author