28.02.2024 Скопје
Заштедата на пари е нешто што нè учеа уште од мали нозе. Како дете, секој од нас добиваше парички од семејството, кои ги штедевме за родителите да ни ги купат омилените слатки или играчки.
Кога ќе помислиме на тој период, првата асоцијација е розова каса во форма на свиња. Овој тип на складирање пари е популарен со децении, а и денес овие каси може да се најдат во секоја продавница. Дали некогаш сте се запрашале зошто има ваква форма и боја и каква врска има свињата со чување пари?
Розовата каса во форма на свинче е безвременски симбол на детството и финансиската писменост. И покрај многуте варијации достапни денес, класичната розова каса во форма на свинче останува еден од најомилените и најпопуларните избори за учење на децата за вредноста на штедењето уште од рана возраст.
Зазема посебно место во срцата на многумина, симболизирајќи го не само чинот на заштеда на пари, туку служи и како рана лекција за финансиска одговорност. Неговиот иконски дизајн и веселата боја го прават атрактивен избор за децата, а неговата популарност го издржа тестот на времето.
Меѓутоа, за да го откриеме неговото вистинско значење, мора да се вратиме во 15 век.
Имено, во 15 век, луѓето ги чувале парите во мали тркалезни саксии, направени од глина наречена – свиња, односно ‘pygg’.
Обликот на садот навистина личел на свиња, а наскоро занаетчиите и грнчарите почнале да прават буквално мали свинчиња, само за забава. Заоблени и со дупка за пари наликувале на мали домашни животни кои отсекогаш биле ценети.
Така свињата ја доби улогата што ја има и денес, а со текот на времето стана розова.
Поентата на касите во форма на свинче е што не можат да се отворат, за да не се земат парите пред навистина да бидат потребни – за некој да го направи тоа треба да ги скрши касите. Оттука и името „piggy bank“, затоа што не можете само да извлечете пари од неа. Така се роди англиската поговорка – ‘break a bank’, буквално скрши банка.
Но, модерното време има голем број на модели кои имаат капа на дното, па не е тешко да се отвори секогаш кога е потребно.
Подготвено од А.Ѓ.