https://www.flickr.com/photos/motherscratcher/3571141049/

16.02.2024 Скопје

36-годишна жена, која е родена само со една срцева комора, родила близнаци во Римската универзитетска болница „Ѓемели“.

Со помош на специјалисти од римската педијатриска болница „Бамбино Џесу“, кои се грижеле за младата жена од нејзиното раѓање, како и персоналот од болницата „Ѓемели“, каде што се породила со царски рез, таа станала прва жена во Италија, а четврта во светот, која и покрај вродената срцева мана успеала да роди близнаци.

Мајката и близнаците, момче и девојче, се чувствуваат добро.

„Знаев дека ризикувам многу со половина срце, но сакав да станам мајка“, изјавила 36-годишната жена.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author