zemjotres

10.02.2024 Скопје

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Минданао на Филипините, соопшти германскиот центар за геонаучно истражување (ГФЗ).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Според филипинската сеизмолошка агенција, земјотресот бил со јачина од 5,9 степени на длабочина од 27 километри.

Агенцијата наведува дека не очекува материјална штета, но дека може да следат дополнителни земјотреси.

Спасувачките работници кои трагаат по десетици исчезнати во претходното лизгање на земјиштето во градот Мако во јужната филипинска провинција Давао де Оро мораа да ги прекинат своите операции поради земјотресот, соопштија властите.

Бројот на загинатите во свлечиштето што започна на 6 февруари пред рудникот за злато достигна 28, додека 77 лица се водат како исчезнати, а 32 се повредени, меѓу кои и тригодишно девојче кое вчера беше спасено по 60 часа. од под урнатините.

Обилните дождови ја погодија провинцијата Давао де Оро во последните недели, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author