praga protesti

19.02.2024 Скопје

Стотици чешки земјоделци влегоа со трактори во центарот на главниот град Прага, попречувајќи го сообраќајот пред чешкото Министерство за земјоделство, како дел од протестот против високите цени на енергијата, комплицираната документација и Еколошкиот договор на ЕУ.

Чешките земјоделци планираат да се приклучат на протестите кои годинава се одржуваат низ Европа, вклучително и во Полска, Франција, Германија, Шпанија и Италија, иако повеќето земјоделски здруженија се оградија од денешните акции.

Земјоделците користеле трактори за да ја блокираат едната лента од главниот пат во Прага, со што го забавиле сообраќајот.

Неколку стотици демонстранти извикуваа пароли како „Срам!“ пред Министерството, и “Оставка!” а кои беа упатени до ресорниот министер, кој не се сретна со организаторите на протестот.

Чешката влада тврди дека организаторите на протестот „немаат многу врска со вистинската практика на земјоделството“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author