https://www.facebook.com/photo/?fbid=3265308890386131&set=pb.100007211555008.-2207520000.

20.02.2024 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот е исклучително тешка и дека Русија го користи доцнењето во обезбедувањето помош за Украина.

Во видео обраќањето по обиколката на линијата на фронтот во североисточниот дел на земјата, Зеленски истакна дека сега ситуацијата е исклучително тешка во неколку делови од линијата на фронтот, токму таму каде што руските војници ги концентрираа максималните резерви.

„Русија го користи доцнењето на помошта за Украина и тоа е многу чувствителна работа“, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски, воедно, укажа и на „недостигот на артилерија, потребата од воздушна одбрана на фронтот и оружје со поголем дострел“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author