13.02.2024 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира турнеја низ Западна Европа за да лобира за помош за Украина, вклучително и посети на Париз, Берлин и Минхен, изјавија добро информирани неименувани извори.
Изворите велат дека тие планови сè уште не се официјално потврдени.
Се очекува Зеленски да присуствува на годишната безбедносна конференција во Минхен, која ќе се одржи од четврток до недела.
Зеленски ќе побара од европските лидери побрза воена помош за Украина, бидејќи резервите на муниција се намалуваат, како и безбедносни гаранции, велат изворите.
Зеленски бара безбедносни гаранции со земјите-членки на Г7 во случај Русија повторно да ја нападне Украина по завршувањето на сегашниот конфликт.
Украина минатиот месец го потпиша првиот таков договор со Велика Британија.
Подготвено од А.Ѓ.