zelenski i zaluzhni

09.02.2024 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го прогласи Валериј Залужни за херој на Украина.

Тоа го направи еден ден откако популарниот генерал беше сменет од позицијата врховен командант на армијата.

„За исклучителни лични заслуги во заштитата на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, несебичното служење на украинскиот народ, наредувам: да се додели титулата Херој на Украина, со орденот Златна ѕвезда на генералот Залужни Валери Федорович“, се наведува во указот на украинскиот претседател.

Вчера Зеленски го назначи Олександр Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, откако претходно беше разрешен Залужни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author