ZIVOT SO PREDIZVICI

23.02.2024 Скопје

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, по повод Денот на ретки болести, денеска на прес-конференција ќе ја лансира Кампањата за подобрување на дијагноза и регистрација на пациенти со ретки болести во земјава.

Од Здружението информираат дека во рамки на кампањата, почнуваат соработка со Здружението на лекари по општа семејна медицина, со цел заеднички да го подобрат пристапот до дијагноза.

Раниот пристап до дијагноза, информација и терапија се клучни за подобрување на квалитет на живот на пациентите и семејствата со ретки болести, посочуваат од Здружението „Живот со предизвици“.

Подготвено од М.Д.

About Author