francija

19.02.2024 Скопје

Едно од најпознатите туристички места во светот, Ајфеловата кула во Париз, денеска e затворенa поради штрајк на вработените, соопшти синдикатот.

Во соопштението се наведува дека штрајкот кој беше организиран како протест против начинот на финансирање на споменикот може да биде продолжен.

Компанијата за одржување на Ајфеловата кула „СЕТЕ“ во соопштение истакна дека посетите на познатата локација биле „нарушени“.

Ова е втор сличен штрајк од истата причина на Ајфеловата кула во изминатите два месеци.

Синдикатите го критикуваат „СЕТЕ“ за бизнис модел заснован, како што велат, на „пренадувана“ претпоставка за можни посети, а истовремено ги потценуваат трошоците за одржување на структурата.

Ајфеловата кула годишно ја посетуваат околу седум милиони луѓе, од кои три четвртини се странци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author