leonid-indov-960x553

23.02.2024 Скопје

Непотполно конзилиарно мислење на ТОАРИЛУЦ е причина што Првостепената комисија на Фондот за здравство го одбила барањето на Леонид Индов за  140 илјади евра кој лани се повреди на одмор во Грција и не може да ги движи екстремитетите. Според директорката на ФЗО, Филиповска – Грашкоска  и покрај тоа што првостепената комисија се обратила до лекарите кои го издале конзилиарното мислење, тие  по втор пат добиле непрецизиран одговор што конкретно се бара.

На вчерашниот брифинг со новинарите и покрај тоа што била поканета претседателката на првостепената комисија на ФЗО д-р  Сања Петрова да образложи каде во земјава Леонид Индов може да се лекува, таа не дојде за да го каже и својот став.

Заменик министерката за здравство Манолева тврди дека и порано се видела со родителите на Леонид Индов и им укажала дека во Македонија има центар каде што може да се направи рехабилитација во делот на отстранување на респиратор. И покрај тоа што семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјата се исцрпени сите можности за негово лекување, денес Манолева, вели дека родителите воопшто не побарале никакво мислење од соодветна институција за можноста лекувањето или рехабилитацијата да се завршат кај нас.

Во меѓувреме останува на Фондот за здравство и на второстепената комисија дали рехабилитацијата и лекувањето на Леонид Индов ќе продоложи во Австрија. На социјалните мрежи се уште се споделуваат повици за хуманост и се собираат донации за помош на Леонид.

Подготвено од М.Д.

About Author