16.02.2024 Скопје
Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на пратка јагоди, со потекло од Албанија, во количина од 1.260 килограми, бидејќи е утврдено дека е зголемена содржината на пестициди, информираат од Републичката управа за инспекциски работи.
Утврдено е присуство на пестициди над вредностите пропишани со Правилникот за максимално ниво на остатоци од пестициди во и за храна и добиточна храна од растително и животинско потекло.
Во присуство и под надзор на надлежен инспектор било наредено уништување на пратката.
Во рамки на редовната контрола на пратките на семе од земјоделски растенија при увоз, забранет е увоз на пратка семе од грашок, во количина од 500 вреќи, со потекло од Италија, бидејќи не ги исполнувала пропишаните стандарди за квалитет.
Утврдено е дека ртењето на семето е под минимумот пропишан за квалитет на семето.
Врз основа на наведеното, со решението на републичкиот фитосанитарен инспектор на увозникот му е забранет увоз и наложено враќање на испраќачот или уништување, се вели во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.