SNEG MRAZ

19.02.2024 Скопје

Во регионот Ксинџијанг на крајниот запад на Кина е забележана температура од минус 52,3 степени Целзиусови, со што е соборен рекордот стар 64 години, објавија кинеските медиуми.

Рекордот беше соборен вчера во градот Туерхонг, а претходно најниската температура во Ксинџијанг од минус 51,5 степени беше измерена на 21 јануари 1960 година.

Поради снежната бура и замрзнатиот дожд што го зафати тој дел од Кина, дојде до застој во патниот и железничкиот сообраќај, јавуваат кинеските медиуми.

Метеоролозите предупредија на голомразица на патиштата, а до четврток се очекуваат врнежи низ Кина.

Најмногу врнежи се очекуваат во Монголија, североисточна Кина, централната провинција Хубеи и провинцијата Хунан на југ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author