https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/4e/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE_%D0%9E%D0%B1%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE_%D0%B8_%D0%A4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%285%29.JPG

10.02.2024 Скопје

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

„Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација. Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата“, соопшти ЈО.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *