14.02.2024 Скопје

Владата предложи, Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење, а Собранието го изгласа Љупчо Коцевски за Републички јавен обвинител.

ВМРО ДПМНЕ не присуствуваше на гласањето, но немаше големи забелешки за неговата професионална биографија. И власта и опозицијата имаат големи очекувања.

Коцевски е адвокат од 95-та. Во 2008-та е избран за јавен обвинител во Вишото обвинителство во Гостивар, а од 22-ра е во Јавното обвинителство на Македонија. За себе напишал дека е „ажурен во работата како обвинител, професионален и способен за стручно разрешување правни прашања“. Советот на обвинители се согласува. Изнесе мислење дека кандидатот „се истакнува со стручност, квалитет, углед, етичност и организаторски способности“.

Коцевски ќе го замени Љубомир Јовески, чиј шестгодишен мандат истече во декември 23-та. Овие два месеци, должноста Републички јавен обвинител ја вршеше Соња Симовска.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *