Image by wirestock on Freepik

05.02.2024 Скопје

Властите во Шкотска имаат намера да ја зголемат минималната цена на алкохолните пијалоци како дел од мерките за намалување на бројот на хоспитализации и смртни случаи поврзани со алкохол.

Се очекува министрите во Единбург наскоро да дадат зелено светло за зголемување од 50 на 65 пени по единица, што треба да стапи на сила од почетокот на мај. Јавното здравство Шкотска (PHS) минатата година соопшти дека шемата за минимална цена на алкохолот, воведена пред шест години, резултирала со пад од 13,5 отсто на смртните случаи поврзани со алкохол.

„Со овие мерки ќе го казниме огромното мнозинство што пијат одговорно“. Но, во последните три години бројот на смртни случаи поради консумирање алкохолни пијалоци повторно е зголемен за 25 отсто, додека бројот на оние кои користеле помош за откажувањето од алкохол падна за 40 отсто во последната деценија.

Според новата одлука, минималната цена на стандардното шише виски во Шкотска ќе порасне од 14 на 18,20 фунти, а вотката на 16,90 фунти.

„Повеќе од 20 луѓе неделно во Шкотска умираат од злоупотреба на алкохол, па затоа треба да преземеме акција“, вели Вили Рени, поранешен лидер на шкотските либералдемократи.

Дејвид Ричардсон од синдикатот за алкохол не се согласува: „Со овие мерки ќе го казниме огромното мнозинство што пијат одговорно“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author