08.02.2024 Скопје
Популарниот сервис за стриминг одлучи дека сепак сака да создаде сопствена апликација за новиот уред на Apple.
Веќе има повеќе од 600 апликации за Apple Vision Pro VR уредот, но YouTube не е една од нив. Минатиот месец сервисот на компанијата Гугл експлицитно посочи дека не планира да развива ваква апликација.
Сепак, по само неколку недели, се чини дека плановите се сменија. YouTube сега направи пресврт од 180 степени и изјави за The Verge дека нивната апликација за Vision Pro е во фаза на подготовка.
Компанијата не соопшти кога може да се очекува апликацијата YouTube за Apple Vision Pro. Во меѓувреме, YouTube посочува дека поддржува Vision Pro со тоа што се осигурува дека корисниците имаат одлично искуство во прелистувачот Safari.
Не е познато што предизвика YouTube суштински да ја промени својата позиција. Можно е Vision Pro да биде значително попопуларен отколку што првично очекуваа Google и YouTube.
Исто така, можно е оваа да е поврзана со популарноста на надворешната апликација YouTube која веќе постои за Vision Pro и чини само пет долари. Моментално е рангирана на третото место во категоријата Фото и видео на App Store за преземања на уреди со VR.
Подготвено од А.Ѓ.