21.02.2024 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека од понеделник ќе започне консултации за формирање на собранието и на владата согласно Уставот и Законот за претседател на Република Србија и дека ќе ги одржи потребните консултации со сите што сакаат да разговараат.
„Од понеделник ќе започнам со консултации согласно Уставот и Законот за претседател на Република Србија, така што верувам дека во текот на следната недела ќе разговарам со оние кои сакаат да ги почитуваат Уставот и Законот на оваа земја, затоа што ќе ги има и оние кои ќе ви напишат пет соопштенија и десет изјави зашто не сакаат да дојдат да разговараат. Со сите кои сакаат да разговараат, ќе ги реализирам неопходните консултации и после тоа ќе бидам спремен да ги одредам мандатите“, истакна Вучиќ.
Тој рече дека се навлезени во важни процеси, кои се одлучувачки за формирање на ново собрание и нова влада.
Подготвено од А.Ѓ.